Sunday, May 6, 2012

го чекав сонцето што ќе ме натера
да заборавам како разговараш кога сакаш.
како го влечеш говорот под јазикот.


како објаснуваш дека ленот на кожата и годи,
и општата интеракција во очи што ја впиваш
во секој полн сегмент на случувања.


топлото сега телото мрзеливо ми го чини,
ми треба вода да се преродам во сон,
да те снема пак, и пак, и пак.

1 comment: