Showing posts with label #inmacedonian. Show all posts
Showing posts with label #inmacedonian. Show all posts

Sunday, May 27, 2012

а сакав да сум капка во капката.и месечина што на дождот
има шанса да му се исмее,оти никогаш нема да ја дофати.
дури ни воздух ако снема и земјина тежа ме лапа...
кога ми е претешко телото да си го носам
кога губам сила и мирисот свој ме мачи
и ме потсеќа пак на некој,да ме умре и убие во сонот
ќе се преродам плацентата ќе ми е нов тон
плачење во себе, кога нема место меѓу органите
од напнатост - процес на создавање вакум
градите ќе ми ги раздели од коскиве
што воделе љубов со годинии ни плач не ги раздвојува
и книги што прашина фаќаат
не се допираат со моите прсти повеќе/
не ги возбудува како порано. како стар текстил сум
веќе искористен, само за крпење би користел
да ме имаше во флуидна форма, сонце не ќе ме гасеше
богови ќе ме пиеа во мермер ако се протнев уште подоле
ќе ме имаа на рака, ќе ме соблакаа под темно небо
како досега кога ќе ме испратеа во утрото
звуци да собирам, школки да собирам,
децата во школо што идат
да ги попратам со мојот блиц
да заборавам каде сум тргнал
и да си дојдам при некој, што ќе ме сака
се знам себеси колку што мислам дека е доволно
знам дека се убивам навечер константно
кога сум сам, и собата ми e порта ладна
кога нема придршка од ниедна страна
кога ми треба разговор на непознат јазик
сакам да чувствувам уште повеќе
и простите гестови повторно да ми делуваат инспиративно.

времето ќе помине, ќе ми дојдат лагите на рака
се почесто и почесто ќе заборавам каде се чекаме
многу надежно очекувам да заборавам каде сум бил
со кого сум убивал време и што се' не сум правел
да заборавам како се справувам со себеси
ја ги истрошам сите дози на носталгија кон поминатото.

веродостојно ќе им се поклонувам на сликите
што посакував да се во моето секојдневие
во чекорот да не ми се чувствува тешкотијата
да си лебдам над улиците како што знам
ноќите свежи да ме оставаат чист овој пат.

Monday, April 16, 2012

сенки се тркаат во полиња на флуидност
кога веќе никој од нас не постоеше,
и становите сеуште ни беа проветрени.


тогаш не преспивав на каучи во сивило
и ти не ми се гледаше низ матна леќа.
како сега. само си помагам да те гледам
во неон, во звуци на асидна плацента.


и насмевка лабава како ризла,
како плава вечер, кога го губам умот,
случајност при поздрав, или чао на булевари,
и ми се влажни филтерот и цигарата ја нема.

Saturday, April 14, 2012

магијата на стимулирањето
депресивен петок волшебен што го направи

и да ми текнеше дека си ми број девет,
да си голтнам сеќавање
како номад на поток што се крсти.


и парфем полн катран 
кожа што го трпи на слава од нова преселба.
дури тишина што смрачува
ти го беше изела јазикот
што некогаш ме грееше во устата.

Monday, April 9, 2012

ме допрел,
а прстите сеуште на метал му мирисаат.

и поглед празен како абортиран плод
на цреша во јуни, и месец тажен
како што Фиренца знае да биде некогаш.


по камени сокаци и сувопарност 
што на мозок знае да ми се кваси,
де да се свртам да си го загинам
апсолутното јас и кројачки штеп
на мојот долен дел од абдоменот.


си рекол да ме пази,
да ме догради онаму каде што ме урнале,
од навека, да ми биде посредник во постелата,
помеѓу она што е возбудливо и мене самиот.

Friday, April 6, 2012

ме палат очите на оние кои сакаат да ме убијат.
и оправдувања безброј на овие змии
и мајка што ги родила во тиркизна плацента
та им плаче на боговите без трошка крило.

 да му се накисели на дождов планови што руши
 и како невработен ветрот се симнува од сцена.
тука ни маски ни глас од црн телевизор што би избегале,
не ќе се јават на должност како некогаш.



како плочка одлепена од својата формација,
племе со долги ленени кошули,
луѓе што откачуваат после два по полноќ,
коренот не им е тука да ги следи удолу.
те очекувам тебе како кочница од автобус,
како скопје без шума, и елемент изненадување
низ некоја улица во Капиштец/
ти си во линијата што константно доцни,
и врби тука на колена ти паѓаат.

Wednesday, April 4, 2012

ќе се бев решил да ти дозволам
од цигарите да ме откажеш.
да ми станеш унија на кислодорни воздишки.
да ме вадиш од разумското ми тло,
да си останам тревар меѓу билки,
несвест да ме струполи на градите твои
и тоа од сон - сладост да ми стане


одморен да се расонувам од пет часовна кома.
лицето да ми остане исто секој пат.
да ме бараат по падини и зелени мориња
кога ќе замре ципата на движењето во круг
кога ќе ме побара за раката да ми ја позлати
баш кога ќе вртиме кругови низ градот
со силвер наметка низ сив асфалт, небаре невидливи.

Sunday, April 1, 2012

а топев како восок
ме уби, се споивме
те држев, да паднам, гасев жар

сите лунатици во мојот двор
да добијам по една шлаканица
да ме разбуди од политиката на времето

да се вратам на свое розово,
да ме гали по клучните коски
името да ме ежи во воздухот што струи

тука соблекувањето не е проблем
и нема ништо полесно од тебе.
цветови вршат наплата на дрвата
кога позираш во сакото на пролетта


Sunday, March 25, 2012

ама луѓето не сфаќаат дека 
ако не е кал, тогаш е прашина.
и општа напнатост на градот
што му се настегала одзади,
и критики што извираат
од подземен поток на самоназивни интелектуалци.


контраст на планетите нивни
и светот што ги вози,
ги напива и ги тера да маршираат,
да пешачат по камења и сено.

Тоа беше еуфорија
која случајно ја проголтав по патот.
Изгледа некој си ја беше
заборавил или загубил,

ама благодарам во секој случај
зашто светлата се запалија 

и сега улиците во вечерта
се чинат портокалови.
сонот на сонцето ми јадеше од кожата
додека чекав некој да ме продаде и купи
кај зградите позади зелено пазарче.



и навидум поминуваат сите од околијата
и фиксно се упатуваат нанапред 

со нивните лица толку гадни и болни
што постепено почнаа да ми стануваат привлечни.


и кој ќе добие домен на туѓа секссапилност?
они презафатени со своите ќеси

јас презафатен со сонцево.

Saturday, March 24, 2012

Во сонот си буткам вазни,
и природно паѓајќи и пукнувајќи
чекам сонцето да излезе од нив
за да ми испрати бакнеж и "добро утро"


и ќерамидите што смениле боја преку ноќта 
го исмејуваат мирисот на кафето
куќата седи мирна, како да не е свесна
дека сите сме будни од навек.



и маршот е започнат
без никаков бојкот од вообичаен страв,
се будам да им вдишам живот во устите
да ме почуствуваат, како никогаш да не напуштам


и туку ќе запееш и денот е започнат
и минути како вода, поток течат, 
и ѓубреџиите веќе беа поминале
а мене собата сеуште нечиста.

Wednesday, March 21, 2012

ако и слободата беше битие на светот,
да се движеше помеѓу нас 
и одвреме навреме да нудеше секс,
или мек јазик за сите исплашени.


како твојот глас, како грло на пиштол,
и куршум цвеќа што испукува безброј.
минимална болка од комарец
и крвта не ми е истата
кога ти ми ја менуваш температурата напати.


капам јас во меланхолија на постари од мене,
им се нудам во добата на заборавени светла
и што останува за мене, мое ќе биде.

Tuesday, March 20, 2012

ме пече на кожата, а други ми кажаа,
браќата што си ги љубам не се свесни
и молитви шепотат во сонот.
да ме разбудат мене од плачот на кошмари.


ме суши во телото и се смалувам пак
сакам да пропаднам во седиштата на стар воз.
успевам да се проткаам низ нечија глава,
а повторно да незнам каде сум тргнал.


што ќе ми е... да дишам нечиј воздух,
кога сакам да сум растение,
бакнежи од мирис да цедам
кога ќе замре светот, пак да ме нема.



јас сум во мечтата на полно млади момчиња,
во сенката на смртта спијам, и по полноќ не дишам.


ме препознаваат во смрзнатиот поглед на мачките
и месечина што не свети, ами мириса на дрво.



плачат во реките, да заштедат на солза.
за пропуштен секс, за девојка без тело,
додека вечерта не се опила од нив самите.



предам додека ме гали. се лизга по мене,
ние двајца водопади, невидливи пред камењата.




Sunday, March 18, 2012

на претпоставка што ме преплавува,
како морињата - бреговите.
како сонцето на зимата,
како детето на мајката.


тој е сладок
колку што лимонот може да биде,
колку што старец може да се нашали,
колку што ладно може да попари.


и без паралела на компарации
јас го гледам постојано,
не трепкам оти мижам засекогаш.


светлата ми се под кората,
и вкусот му нема мирис,
а мирисот му го нема на телото.


и дали постои, во камен е запишано,
во јадрото на светов,
што чека да ме проголта
а не ме ни изроди сеуште.


а јас пијам од млеката зелени,
и сестра на рамо ми спие,
заедно ќе го расониме денот
во утрото, во пладнето,
кога и да посакаме, на дланка го имам.



Wednesday, March 14, 2012

Го видов остарен.
Главата и времето го беа заборавиле.
Се потсетувам на деновите

кога само сонце фалеше,
и птиците  не пееја воопшто.


Си спомнувам... времиња реки.
Кога бев во можност 
молитви да читам одназад,
и телото со ладна вода
да си го поплавам.


Ама еве... наеднаш сонце.

Sunday, March 11, 2012

Ама времето си трпи
и јас го гледам 
златниот сјај на крајот.


Ме чека благослов
онаму, во нејзините плави очи.
Среќата чека, и пола уста со неа.



Сите сакаат да ме вдомат,
зашто сум едиствен ничив.
Боемски живот,
и улиците ми се магливи
дури и на сончеви денови.


Мака не се трпи
посебно кога ја нема.
Нема ни да се помачам
да ја создадам,
да израснам ново дете на ѓаволот..


Нема да дозволам
да ми гризе на срцето,
да ме плука по душата.


Туку стегнати узди кинат,
и повторно на места со дупки,
ете станувам страшно флексибилен.