Sunday, May 27, 2012

се знам себеси колку што мислам дека е доволно
знам дека се убивам навечер константно
кога сум сам, и собата ми e порта ладна
кога нема придршка од ниедна страна
кога ми треба разговор на непознат јазик
сакам да чувствувам уште повеќе
и простите гестови повторно да ми делуваат инспиративно.

времето ќе помине, ќе ми дојдат лагите на рака
се почесто и почесто ќе заборавам каде се чекаме
многу надежно очекувам да заборавам каде сум бил
со кого сум убивал време и што се' не сум правел
да заборавам како се справувам со себеси
ја ги истрошам сите дози на носталгија кон поминатото.

веродостојно ќе им се поклонувам на сликите
што посакував да се во моето секојдневие
во чекорот да не ми се чувствува тешкотијата
да си лебдам над улиците како што знам
ноќите свежи да ме оставаат чист овој пат.

No comments:

Post a Comment