а сакав да сум капка во капката.и месечина што на дождот
има шанса да му се исмее,оти никогаш нема да ја дофати.
дури ни воздух ако снема и земјина тежа ме лапа...
кога ми е претешко телото да си го носам
кога губам сила и мирисот свој ме мачи
и ме потсеќа пак на некој,да ме умре и убие во сонот
ќе се преродам плацентата ќе ми е нов тон
плачење во себе, кога нема место меѓу органите
од напнатост - процес на создавање вакум
градите ќе ми ги раздели од коскиве
што воделе љубов со годинии ни плач не ги раздвојува
и книги што прашина фаќаат
не се допираат со моите прсти повеќе/
не ги возбудува како порано. како стар текстил сум
веќе искористен, само за крпење би користел
да ме имаше во флуидна форма, сонце не ќе ме гасеше
богови ќе ме пиеа во мермер ако се протнев уште подоле
ќе ме имаа на рака, ќе ме соблакаа под темно небо
како досега кога ќе ме испратеа во утрото
звуци да собирам, школки да собирам,
децата во школо што идат
да ги попратам со мојот блиц
да заборавам каде сум тргнал
и да си дојдам при некој, што ќе ме сака