Лицето нејзино, тага да не познае.
Му се радувам на мигот што не дозволува
друг усни да ми валка и попат ме следи гол,
така искасапен по срцето.
Јарка радост,
свилена ти духовност гризе на черепот,
страв во флуидна форма
во вените млаки ти внесов.
Нозете ми се тресат под туѓ притисок
и секој здив земен со чад,
зачин по јазикот што пецка, брише.
Осознава за антрополошкото значење на телото ми.
Боли како архаизам од моите господа заборавен.
Од оние кои ме научиле
да постојам, да ме има.
No comments:
Post a Comment