ако и слободата беше битие на светот,
да се движеше помеѓу нас
и одвреме навреме да нудеше секс,
или мек јазик за сите исплашени.
како твојот глас, како грло на пиштол,
и куршум цвеќа што испукува безброј.
минимална болка од комарец
и крвта не ми е истата
кога ти ми ја менуваш температурата напати.
капам јас во меланхолија на постари од мене,
им се нудам во добата на заборавени светла
и што останува за мене, мое ќе биде.

No comments:
Post a Comment