Во сонот си буткам вазни,
и природно паѓајќи и пукнувајќи
чекам сонцето да излезе од нив
за да ми испрати бакнеж и "добро утро"
и ќерамидите што смениле боја преку ноќта
го исмејуваат мирисот на кафето
куќата седи мирна, како да не е свесна
дека сите сме будни од навек.
и маршот е започнат
без никаков бојкот од вообичаен страв,
се будам да им вдишам живот во устите
да ме почуствуваат, како никогаш да не напуштам
и туку ќе запееш и денот е започнат
и минути како вода, поток течат,
и ѓубреџиите веќе беа поминале
а мене собата сеуште нечиста.
и природно паѓајќи и пукнувајќи
чекам сонцето да излезе од нив
за да ми испрати бакнеж и "добро утро"
и ќерамидите што смениле боја преку ноќта
го исмејуваат мирисот на кафето
куќата седи мирна, како да не е свесна
дека сите сме будни од навек.
и маршот е започнат
без никаков бојкот од вообичаен страв,
се будам да им вдишам живот во устите
да ме почуствуваат, како никогаш да не напуштам
и туку ќе запееш и денот е започнат
и минути како вода, поток течат,
и ѓубреџиите веќе беа поминале
а мене собата сеуште нечиста.
No comments:
Post a Comment