Tuesday, March 20, 2012

ме пече на кожата, а други ми кажаа,
браќата што си ги љубам не се свесни
и молитви шепотат во сонот.
да ме разбудат мене од плачот на кошмари.


ме суши во телото и се смалувам пак
сакам да пропаднам во седиштата на стар воз.
успевам да се проткаам низ нечија глава,
а повторно да незнам каде сум тргнал.


што ќе ми е... да дишам нечиј воздух,
кога сакам да сум растение,
бакнежи од мирис да цедам
кога ќе замре светот, пак да ме нема.



No comments:

Post a Comment