Wednesday, April 4, 2012

ќе се бев решил да ти дозволам
од цигарите да ме откажеш.
да ми станеш унија на кислодорни воздишки.
да ме вадиш од разумското ми тло,
да си останам тревар меѓу билки,
несвест да ме струполи на градите твои
и тоа од сон - сладост да ми стане


одморен да се расонувам од пет часовна кома.
лицето да ми остане исто секој пат.
да ме бараат по падини и зелени мориња
кога ќе замре ципата на движењето во круг
кога ќе ме побара за раката да ми ја позлати
баш кога ќе вртиме кругови низ градот
со силвер наметка низ сив асфалт, небаре невидливи.

No comments:

Post a Comment