Sunday, April 1, 2012

а топев како восок
ме уби, се споивме
те држев, да паднам, гасев жар

сите лунатици во мојот двор
да добијам по една шлаканица
да ме разбуди од политиката на времето

да се вратам на свое розово,
да ме гали по клучните коски
името да ме ежи во воздухот што струи

тука соблекувањето не е проблем
и нема ништо полесно од тебе.
цветови вршат наплата на дрвата
кога позираш во сакото на пролетта


No comments:

Post a Comment