Sunday, January 29, 2012

прегази ме, да плукнам на светото.
сакам да се сплотам со некој-никој,
заедно да избереме ѕвезда падилка.

да те прогласам за мој Господ,
само да ми подариш ново име
да остарам покрај пријателска насмевка
да ме има повеќе од вообичаено...

ќе ме гледаат како се вжарувам
помеѓу коските твои, што сечат на кожата...
ќе те пробијам со сета сила,
ќе те проголтам ако успеам.

No comments:

Post a Comment