Sunday, March 11, 2012


Смешен е начинот на кој соновите
те исмеваат дирекно, без срам.
И не е толкаво мачкање очи

колку што е перење мозок
и манипулација со самиот себеси.


Сонував дека ме има,
дека кутијата цигари ми е одново полна.
Дека некој ми го запомнил
вистинското име и лажното презиме.

Дека некој знае кој вид алкохол ми е омилен...


И се по ред додека гнасење од аларм
не ме врати тука назад.

No comments:

Post a Comment