сенки се тркаат во полиња на флуидност
кога веќе никој од нас не постоеше,
и становите сеуште ни беа проветрени.
тогаш не преспивав на каучи во сивило
и ти не ми се гледаше низ матна леќа.
како сега. само си помагам да те гледам
во неон, во звуци на асидна плацента.
и насмевка лабава како ризла,
како плава вечер, кога го губам умот,
случајност при поздрав, или чао на булевари,
и ми се влажни филтерот и цигарата ја нема.
кога веќе никој од нас не постоеше,
и становите сеуште ни беа проветрени.
тогаш не преспивав на каучи во сивило
и ти не ми се гледаше низ матна леќа.
како сега. само си помагам да те гледам
во неон, во звуци на асидна плацента.
и насмевка лабава како ризла,
како плава вечер, кога го губам умот,
случајност при поздрав, или чао на булевари,
и ми се влажни филтерот и цигарата ја нема.
No comments:
Post a Comment