Wednesday, April 18, 2012

на времето солзи што му лаже
и месото твое што скелет ми тресе, 

да пати на места покољ што не виделе.

цвеќиња чии коски ветар ги ниша
и мапи што се ронат по дијаметри,
се до ништожност.



ме шета постоењето твое, 
ме присилува да се поклонувам на дождот
и да ги сакам влажните тротоари.

и улога на курва што ме води 

секоја вечер по туѓи станови,
кај тебе да доживее кулминација на карти.


во праксата на многумина
пред сите да ме издаде, пред твојот пад,
да ме реши како енигма непроверена.


и буквата с што шшка под твојот јазик,
денот да ми го вгнезди во мечти на старост.
да доручкував со тебе под честици
од пријатна и млака возбуда.

No comments:

Post a Comment