на претпоставка што ме преплавува,
како морињата - бреговите.
како сонцето на зимата,
како детето на мајката.
тој е сладок
колку што лимонот може да биде,
колку што старец може да се нашали,
колку што ладно може да попари.
и без паралела на компарации
јас го гледам постојано,
не трепкам оти мижам засекогаш.
светлата ми се под кората,
и вкусот му нема мирис,
а мирисот му го нема на телото.
и дали постои, во камен е запишано,
во јадрото на светов,
што чека да ме проголта
а не ме ни изроди сеуште.
а јас пијам од млеката зелени,
и сестра на рамо ми спие,
заедно ќе го расониме денот
во утрото, во пладнето,
кога и да посакаме, на дланка го имам.
како морињата - бреговите.
како сонцето на зимата,
како детето на мајката.
тој е сладок
колку што лимонот може да биде,
колку што старец може да се нашали,
колку што ладно може да попари.
и без паралела на компарации
јас го гледам постојано,
не трепкам оти мижам засекогаш.
светлата ми се под кората,
и вкусот му нема мирис,
а мирисот му го нема на телото.
и дали постои, во камен е запишано,
во јадрото на светов,
што чека да ме проголта
а не ме ни изроди сеуште.
а јас пијам од млеката зелени,
и сестра на рамо ми спие,
заедно ќе го расониме денот
во утрото, во пладнето,
кога и да посакаме, на дланка го имам.
No comments:
Post a Comment